Кибер напад врз пет болници во Лондон, откажани се операции и трансплантации

Неколку болници во Лондон беа погодени од кибер напад што го спречи пристапот до податоците неопходни за трансфузија и ракување со крвни продукти, како и резултатите од одделот за патологија, па операциите беа откажани во три болници, а трансплантации во две.
Како што јавува Би-Би-Си, пет болници морале да ги откажат сите специјалистички кардиоваскуларни и пулмолошки прегледи, поради неможноста за пристап до податоците на британскиот јавно здравствен систем.
Болниците почнаа да испраќаат пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош или операција во блиските медицински установи кои не беа погодени од нападот.
Раководството на трустот што управува со нападнатите болници потврди дека тие се цел на кибер напад, со што целосно се блокира пристапот до електронскиот здравствен систем, додека не се плати откуп.
Последниот успешен напад од ваков вид врз британското јавно здравство се случи во 2017 година, а тогаш не беа исплатени пари, потсетуваат британските медиуми.
Штетата за јавното здравје тогаш изнесуваше стотици милиони фунти, бидејќи беа откажани неколку стотици илјади прегледи и операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…
Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…
Следната недела Лондон ќе биде домаќин на…
Британскиот премиер Кир Стармер ќе биде домаќин…
Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…
По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…
Паркинг место во Лондон се продава за…
Паркинг место во елитниот дел на Западен…
(Видео) Лондон имаше спектакуларен огномет и покрај лошото…
Десетици илјади луѓе ја дочекаа 2025 година…