Објавено на:

Киднапираниот градоначалник на Мелитопол: Мојот живот вредеше нула во рацете на Русите

t

Градоначалникот на украинскиот град Мелитопол, Иван Федоров, ги опиша деновите додека бил киднапиран од руските сили, пишува Ројтерс.

„Тоа беа опасни шест дена бидејќи вредноста на мојот живот е нула за Русите. Неколку војници дојдоа кај мене во текот на ноќта и разговараа со мене 4-5 часа“, рече Федоров, додавајќи дека се соочил со психичка, но не и физичка тортура.

Украина соопшти дека Федоров бил киднапиран на 11 март откако руските сили го зазеле Мелитопол, кој се наоѓа западно од опколениот град Мариупол во јужниот регион што Русија сака да го контролира. Киев го објави ослободувањето на Федоров во размена на затвореници на 16 март.

Федоров сега е во Рим и беше ослободен како дел од размена на затвореници. Тој вели дека се уште е во редовен контакт со граѓаните на Мелитопол и дека тамошните цивили немаат на располагање ниту храна, ниту лекови.

Градоначалникот, кој во саботата се сретна со папата Франциск и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пред да присуствува на богослужбата на Велигден, рече дека побарал од Ватикан да посредува кај рускиот претседател Владимир Путин за да гарантира хуманитарни коридори за Мариупол, кој се соочи со разорно бомбардирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Запорожје подготвува Устав за влез во…

Властите на регионот Запорожје почнаа да работат…

Голема експлозија одекна вечерва во Мелитопол

Федоров не објавил никакви дополнителни детали за…

(Видео) Како Македонци во Бугарија: Украинците од…

Руските медиуми објавија видео на кое, како…

(Фото) Хаос во Мелитопол: Страшна експлозија ги…

Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол,…

(Видео) Кренато руското знаме на Плоштадот на…

Руските војници го кренаа руското знаме на…