Објавено на:

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба ја следи политиката на Роналд Реган

t

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак им порача на американските републиканци и нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп дека мора да имаат на ум оти биле партија на некогашниот претседател на САД Роналд Реган и да ја поддржат Украина во моментите кога руските сили се подготвуваат за голема офанзива во мај или јуни.

Тој во интервју за Политико изјави дека не се грижи поради фактот дека Трамп би можел повторно да биде избран за претседател на САД и дека верува дека пакетот за помош за Украина од 60 милијарди долари на крајот ќе биде усвои во Претставничкиот дом под контрола на републиканците, каде со месеци го кочат лојалните конгресмени на Трамп.

„Не верувам дека републиканците можат да ги заборават двата мандати на својот претседател Роналд Реган и неговиот, како што рекол, „студеновоен поход против московското царство на злото“, изјави Јермак.

Јермак, кој пред интервјуто разговарал со советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен, рекол дека не е сигурен кога новата помош на САД ќе биде одобрена, но нагласил дека тоа мора да биде наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…