Киев му одговори на Путин: Зеленски нема да оди во Москва

t

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Заливот, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, пренесува Ројтерс.

„Ова се сериозни предлози и претседателот Зеленски е подготвен за таква средба во секое време. Сепак, Путин продолжува да ги лаже сите нудејќи очигледно неприфатливи предлози“, објави Сибиха на својот профил на мрежата Икс.

Претходно денес, Путин изјави дека не ја исклучува можноста за средба со Зеленски и предложи средбата да се одржи во Москва. „Ако Зеленски е подготвен за средба, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека ако преовлада здравиот разум, тогаш може да се постигне договор за тоа како да се заврши војната во Украина на задоволителен начин.

„Во спротивен случај, ќе мора да решиме сè со воени средства“, рече Путин и додаде дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се сретне со Зеленски.

Тој изјави дека е можно да се постигне прифатлива опција за завршување на војната, додавајќи дека сите обиди на Русија мирно да го реши украинското прашање се осуетени.

Тој истакна дека ја гледа искрената желба на администрацијата на Трамп да го реши украинскиот конфликт и го нарече Зеленски „вршител на должноста шеф на администрацијата на Украина“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев му одговори на Путин: Зеленски нема…

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за…

Левица: Јаневска ги остави средношколците од Ресен…

Целосната неспособност и игнорантски однос на министерката…

ЦУК: 17 пожари на отворен простор, 2…

На ден 03.09.2025 година, до 18:30 часот,…

Трамп повика Хамас да ги ослободи заложниците,…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори…

Во Бугарија се запали автобус со 45…

Автобус регистриран во Романија, со 45 туристи,…