Киев планирал да изврши напади на Москва, дури и Западот се сомнева дека Зеленски стои зад убиството на Дугина?
Украина планираше да изврши напади на територијата на Русија на 24 февруари оваа година, но Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на барање на Вашингтон, се откажа од тоа, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на нови доверливи документи кои „протекоа“ во јавноста.
Кирил Буданов, шефот на украинската воено-разузнавачка служба, му наредил на еден од неговите офицери „да се подготви да изврши масовни напади на 24 февруари, сите во Главната разузнавачка служба да се подготват“, се вели во текстот, во кој весникот се повикува на извештајот на Државната агенција за национална безбедност на САД.
„Вашингтон пост“ наведува дека украинските функционери, пред сè, ја разгледале можноста да извршат напад врз Москва и Новоросијск. Според весникот, документот на американската агенција бил објавен на 13 февруари. Истиот ден, САД повторно ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија. Сепак, на 22 февруари беше објавен извештај на ЦИА, според кој Главната управа за разузнавање на Украина „се согласи, на барање на Вашингтон, да ги одложи нападите врз Москва“.
Според разузнавачките служби, нема информации што укажуваат на тоа дека Службата за безбедност на Украина се согласила да ги одложи сопствените планови за напад на Москва за сличен период. Според „Вашингтон пост“, западните функционери се скептични за различните најави на Кирил Буданов, кој, како што се вели, „е познат по храбрите изјави и тврдења“.
Тој претходно изјави дека Украина ќе победи во конфликтот со Русија и дека Крим мора да и биде вратен на Украина ова лето. Сепак, како што сведочат доверливите документи објавени на социјалните мрежи, американската разузнавачка заедница смета дека таквиот развој на настаните е малку веројатен, се наведува во написот. Според весникот, украинските власти приватно признаваат дека се одвиваат низа воени операции под контрола на САД.
„Украинските власти долго време во приватни разговори зборуваат за тоа дека САД де факто контролираат одредени воени операции“, пишува Вашингтон пост. Според весникот, Киев по правило не ги користи ракетните системи што ги добил од Вашингтон без потврда или добивање координати од американската војска, која е со седиште во Европа, пренесува Спутник.
„Вашингтон пост“ исто така тврди дека западните власти го информирале украинскиот претседател Володимир Зеленски дека веруваат дека Киев е вмешан во убиството на ќерката на Александар Дугин, Дарја Дугина, која беше убиена на 20 август минатата година во експлозија на автомобил во Московскиот регион. Американските власти, како што пишува весникот, оцениле дека терористичкиот напад е провокација која може да предизвика жестока реакција од Москва.
Пентагон истражува како на социјалните мрежи „протекоа“ материјали кои ја опишуваат состојбата на украинската армија, како и плановите на САД и НАТО за нејзино зајакнување. Весникот „Њујорк тајмс“ пишуваше за тоа дека документите, кои датираат од почетокот на март, наводно ги шират „руските провладини телеграмски канали“, пренесува Спутник. Весникот исто така тврди дека на интернет биле испратени повеќе од 100 документи и дека штетата предизвикана од тоа е значителна. Од Пентагон за Спутник изјавија дека ги анализираат информациите за „протекување“ на документи. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија не се сомнева оти САД и НАТО директно или индиректно се вклучени во конфликтот во Украина. Белата куќа одби да ја потврди автентичноста на материјалите објавени на Интернет и соопшти дека не е подготвена да објави теорија за тоа како и зошто тоа се случило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…