Киев слави морална победа, Зеленски испрати порака на истрајност

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не успеала да ја освои украинската територија или да го промени геополитичкиот курс на земјата, нарекувајќи го тоа „победа“ за Киев. Во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс њуз, Зеленски рече дека Москва не успеала да ги постигне своите клучни цели од почетокот на војната.

„Русија не можеше и нема да може да нè освои. Тие не победија. А за нас, ова е победа. Ние ја браневме нашата независност и слобода. Успеавме. Тие не го променија нашиот геополитички курс“, рече Зеленски.

Според него, еден од најважните аспекти на отпорот досега е фактот дека Русија не успеала да го замени украинското знаме со руско, што го опиша како „многу важна работа“, нагласувајќи дека е горд на тоа.

Подготвеност за средба со Путин

Сепак, во истиот разговор, Зеленски ја објави и својата подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека за крај на конфликтот е потребен зголемен притисок од САД и Европа врз Москва.

Тој рече дека Киев е подготвен за компромис и е отворен за преговори за територијалните претензии на Русија, доколку тоа доведе до прекин на борбите и воспоставување на мир.

Украинскиот претседател ги даде овие изјави во време кога дипломатските разговори за можностите за политичко решение на конфликтот се интензивираат, додека борбените операции продолжуваат на терен. Зеленски повтори дека Украина останува посветена на зачувување на својата независност и суверенитет, нагласувајќи дека, и покрај големите предизвици, стратешката насока на земјата не се променила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев слави морална победа, Зеленски испрати порака…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија…

„Монд“: Со речиси 500.000 загинати војната во…

И покрај воената тајновитост за сопствените загуби…

Зеленски: Украинските преговарачи утре ќе се сретнат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските…

Македонија и 106 земји гласаа за траен…

Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција…

Трамп вети мир во Украина и го…

Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи најдолгото…