Киев ќе биде главна цел: Русија се подготвува за крвав јуни
Москва неодамна, за прв пат од почетокот на војната, беше цел на масовен напад со беспилотни летала. Патем, ова е тактика која често ја користи рускиот претседател Владимир Путин кога се во прашање нападите на територијата на Украина.
Токму оваа тактика ја користи рускиот лидер кога особено сака да и се одмазди на Украина, што беше направено неколку дена по нападот на Москва.
Сега Киев, кој исто така беше цел на постојано гранатирање во мај, повторно се најде на мета на Путин, се со цел да се одмазди за нападите врз Москва.
Русија од почетокот на мај изврши 15 масовни разорни напади само врз Киев, а се чини дека јуни ќе биде уште потежок за жителите на Украина.
Од почетокот на инвазијата, Киев само неколку пати бил цел на воздушни напади. Гранатирањето на овој град, според непишано правило, се случило во два случаи – по поразот на руските војници на фронтот или по посетата на највисоките светски претставници на Украина или некоја соседна земја.
Специфично е дека секој нов напад бил за неколку степени побрутален од претходниот. Затоа, граѓаните на Украина сега повеќе од кога било се плашат од она што ќе следи.
Аналитичарите велат дека овие напади не се ништо во споредба со оние што ќе следат во јуни. Но, кои се причините за овие ужасни напади? Некои веруваат дека можеби станува збор за бомбардирањето на Белгород и Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…