Ким Џонг-ун ги претстави воените цели за 2023 година: Ќе се борат против непријателот и ќе ја зајакнуваат одбранбената моќ
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ги откри новите воени цели за 2023 година, објавија државните медиуми навестувајќи уште една година на интензивни тестирања на оружје и тензии.
На вториот ден од Шестата проширена пленарна седница на 8-от Централен комитет на партијата, Ким зборуваше за „новосоздадената предизвикувачка ситуација” на Корејскиот Полуостров и за состојбите на пошироката политичка сцена.
Како што соопшти државната новинска агенција КЦНА, Ким Џонг-ун го поставил курсот на „борбата против непријателот” и целите за зајакнување на одбранбената моќ.
„Тој ги прецизираше принципите на надворешните односи и насоката на борбата против непријателот до кои нашата партија и влада мора темелно да се придржуваат за да ги заштитат суверените права и да ги бранат националните интереси”, објави агенцијата.
„Новите фундаментални цели за зајакнување на одбранбените капацитети кон кои треба силно да се стреми во 2023 година се подготовка за различни флуктуации во политичката ситуација.”
КЦНА не даде детали за тие цели, но изјавите на Ким укажуваат дека насоките на државата водат кон натамошно воено зајакнување.
Северна Кореја оваа година изврши серија лансирања ракети, од кои повеќето дизајнирани да носат стратешко оружје, што беше дел од патгодишниот план поставен на Конгресот на Работничката партија одржан на почетокот на 2021 година.
Списокот вклучува тактичко нуклеарно оружје, нова интерконтинентална балистичка ракета, хиперсонични крстосувачки боеви глави, подморници на нуклеарен погон и извидувачки сателит.
За време на пленарниот состанок, Ким исто така посочи „голем број сериозни недостатоци” забележани во области како науката, образованието и здравството оваа година, со предлози начини за нивно надминување и нагласени клучните задачи за следната година, соопшти КЦНА.
Севернокорејските лидери претходно имаа говори за Нова година, но последните години Ким Јонг-ун практикува пред крајот на годината да свикува повеќедневни состаноци на кои ги соопштува главните политички одлуки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…
Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…
Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…
Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…