Објавено на:

Ким Џонг-ун нареди највисоко ниво на борбена готовност: Земјата мора да биде подготвена за војнa

t

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за време на инспекцијата на голема воена база на западот на земјата, нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските трупи и побара од армијата да биде подготвена за војна, објави државната новинска агенција КЦНА.

Обиколката на Ким во воената база, чија локација не е откриена, дојде веднаш по почетокот на редовните годишни заеднички воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили.

Во овогодинешните заеднички американско-јужнокорејски воени маневри беа вклучени двојно повеќе сили во споредба со минатогодишните вежби.

Ким порача дека севернокорејската војска мора „динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација“, пренесе КЦНА.

Нашата војска треба постојано да ги интензивира вежбите за симулирање војна и брзо да ги надградува своите борбени способности до совршена подготвеност за вистинска војна, истакна Ким.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…

Не се согласувам со вашата констатација дека…

​​​​Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва  без ,,Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…

Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…