Објавено на:

Ким Џонг Ун објави војна против ковид-19

t

Лекови што ги набави државата, не стигнувале до поединци навремено и точно, истакна Ким на итниот состанок на Политбирото во текот на вчерашниот ден.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата, јавија државните медиуми.

Минатата недела, Северна Кореја информираше за првото избивање на „експлозивна“ епидемија, откако над две години тврдеше дека во земјата нема заразени. Експерти предупредуваат оти тоа може да предизвика бројни проблеми во земјата, што е ограничена со медицински залихи и без програма за вакцинација.

Лекови што ги набави државата, не стигнувале до поединци навремено и точно, истакна Ким на итниот состанок на Политбирото во текот на вчерашниот ден. Потоа, лидерот ги посети аптеките низ главниот град на земјата, наведуваат медиумите.

Ким нареди итно распоредување на „моќните воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“, пишуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Ким Јонг Ун: Северна Кореја ќе ѝ…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на…

(Фото) Опасната сестра на Ким го придружува…

На сликата се гледа како сестрата на…

Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…

Три лица починаа, 151 нов случај на…

Во последните 3 дена (од 27.05 до…