Објавено на:

Кина затвори уште еден град поради Ковид

t

Ченгду стана најновиот кинески град што е затворен поради стотина позитивни ковид-случаи, во време кога кинеската Влада продолжи да ја следи својата контроверзна политика „нула-ковид“, пренесува Би-Би-Си.

На околу 21 милион луѓе им е наредено да останат во своите домови, при што на само едно лице од семејството му е дозволено да пазари за основни продукти.

Во четвртокот, градот забележа 157 нови инфекции, вклучително и 51 асимптоматски.

Кинеската ковид-политика бара од градовите каде се регистрирани позитивни случаи да воведат строги заклучувања – дури и ако се пријавени само неколку случаи.

Сепак, напорите на Пекинг да обезбеди „нула-ковид“ политика беа обвинети за задушување на економскиот раст и предизвика ретко јавно несогласување од граѓаните.

Жителите на Ченгду, од кои беше побарано да останат дома од 18:00 часот по локално време во четврток, ќе бидат тестирани во текот на следните денови, но не беше јасно кога ќе бидат укинати ограничувањата.

Во меѓувреме, на луѓето им е забрането да влегуваат или да го напуштаат Ченгду, главниот град на југозападната провинција Сечуан.

Државните медиуми, исто така, јавуваат дека почетокот на училишната година е одложен, а летовите се одложени.

Здравствените власти ја означија ситуацијата „екстремно сложена и тешка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

САД и Кина започнаа нова рунда трговски…

Кина и САД започнаа нова рунда трговски…

САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…

Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…