Кина, Иран и Русија ќе спроведат заедничка поморска вежба
Кинеската, иранската и руската морнарица ќе спроведат заедничка вежба во март, соопшти денеска кинеското Министерство за национална одбрана.
Вежбата со кодно име „Безбедносен појас-2025“ треба да се одржи во области во близина на иранското пристаниште Чабахар, соопшти Министерството. Кинеската флота ќе учествува со разурнувач и брод за снабдување.
Планот за маневрите вклучува вежби за гаѓање поморски цели, контрола на штета, како и заедничко пребарување и спасување. Целта е да се зајакне воената меѓусебна доверба и да се поттикне прагматична соработка меѓу поморските сили на земјите-учеснички, додаде Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…