Објавено на:

Кина осуди на смрт петмина мафијаши од озлогласеното семејство Бај

t

Кинески суд осуди на смрт пет високи членови на познатата мијанмарска мафијашко семејство, додека Пекинг продолжува со потрагата по мрежите за измами во Југоисточна Азија, објави „Би-би-си“.

Вкупно 21 член и соработник на семејството Бај беа осудени за измами, убиство, повреди и за други кривични дела, јави државната телевизија, повикувајќи се на објавата на судот на својата веб-страница.

Семејството е меѓу неколкуте криминални кланови што во 2000-те стекнаа моќ и го претворија сиромашното гратче Лаукаинг во профитабилен регион со казина и со „црвени квартови“.

Во последните години тие преминаа кон измамнички операции во кои илјадници работници — многу од нив кинески државјани — беа заробени, злоупотребувани и принудувани да спроведуваат измами во криминални шеми вредни милијарди долари.

Шефот на мафијата Бај Суочек и неговиот син Бај Ингцанг се меѓу петмината кои беа осудени на смрт од Шенженскиот среден народен суд. Јанг Ликијанг, Ху Сјаоџијанг и Чен Гуанји се другите три имиња, осудени на смрт.

Двајца членови на семејството Бај добија суспендирани смртни казни. Петмина беа осудени на доживотен затвор, додека, пак, деветмина добија казни затвор од три до 20 години.

Милијарди долари во игра

Власта тврди дека семејството Бај, кое контролирало и сопствена милиција, создадало 41 комплекс каде се сместувале нивните сајбер измамнички активности и казина.

Овие криминални дејности вклучувале над 29 милијарди кинески јуани (околу 4,1 милијарди долари). Тие директно или индиректно убиле шест кинески државјани, довеле до самоубиство на еден човек и до бројни повреди, јавија државните медиуми.

Строгите казни што ги изрече судот се дел од кампањата на Кина за искоренување на обемните измамнички мрежи во Југоисточна Азија и имаат за цел да испратат силна порака до другите криминални синдикати.

Во септември, кинески суд осуди на смрт и 11 членови на семејството Минг — уште еден влијателен клан од Лаукаинг.

Овие семејства станале моќни во 2000-те со поддршка од Мин Аун Хлаинг — кој сега е лидер на воената влада во Мијанмар. Тој сакал да ги поддржи сојузниците во Лаукаинг по свртувањето на претходниот војсководечки во таа област.

Меѓу клановите, семејството Бај било „апсолутно број еден“, изјави претходно Бај Ингцанг за државните медиуми.

„Тогаш нашето семејство Бај беше најмоќно и во политичките и во воените кругови,“ рече тој во документарец за семејството, емитуван на кинески државни медиуми во јули.

Му ги ваделе ноктите со клешти, а два прста му отсекле со кујнски нож

Во истиот документарец, работник од еден од нивните центри за измами опиша злоупотреби што ги доживеал таму: освен тепање, му ги ваделе ноктите со клешти, а два прста му ги отсекле со кујнски нож.

Бај Ингцанг е меѓу оние што оваа недела беа осудени на смрт; тој е и поединечно осуден за заговор за трговија и производство на 11 тони метамфетамин, јавија државните медиуми.

Падот на семејствата почнал во 2023 година како резултат на промената на политичките ветрови.

Со години Пекинг ги притискал мијанмарската хунта да ги сведе на минимум измамничките операции во Лаукаинг.

Во 2023 година, кинеската полиција издаде налог за апсење на најистакнатите членови на овие семејства.

Бај Суочек, патријархот на фамилијата Бај, беше меѓу војсководците предадени на Кина од Мијанмар во почетокот на 2024 година.

„Зошто кинеската влада прави толку голем напор да ги гони овие четири семејства? За да ги опомени другите: неважно кој си и каде си, доколку извршуваш такви недозволиви злосторства против кинескиот народ, ќе платиш,“ вели еден кинески истражител во документарецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина осуди на смрт петмина мафијаши од…

Кинески суд осуди на смрт пет високи…

Мацут со кинескиот премиер: Односите меѓу двете…

Во пресрет на Меѓународниот саем за увоз…

САД и Кина оптимисти за постигнување на…

Првиот ден од трговските разговори меѓу САД…

Трамп: Би сакал Кина да ни помогне…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави…

Кина прекинува со купување на руска нафта…

Кинеските државни нафтени компании ги прекинаа купувањата…