Кина откри план за интеграција на Тајван, додека нејзините воени бродови кружат околу островот
Во вторникот Кина објави план за суштинска интеграција помеѓу приморската провинцијата Фуџијан и самопрогласената република Тајван. Во планот се акцентирани бенефитите од меѓусебната соработка, додека најзините воени бродови кружат околу островот за да ја покажат воената моќ.
Директивата, објавена од Централниот Комитет Кинеската Комунистичка Парија и Државниот Совет на Кина, прикажува како провинцијата Фуџијан треба да му ги демонстрира бенефитите од интегриран развој на Тајван и да биде прва дестинација за тајванските граѓани и бизнисмени за инвестирање и живеење во Кина.
Документот е нацрт план за идниот развој на Тајван во соработка со Кина и доаѓа во многу чувствителен момент кога односите со Тајван се многу напнати, додека во Тајван се спрема и кампањата за претседателските избори на островот.
Документот се објавува кога Кина продолжува со воениот притисок врз Тајван, остров со население од 24 милиони за кој Пекинг и Комунистичката партија на Кина смета дека е неотуѓив дел од кинеската нација, иако никогаш немала контрола на островот.
Пред објавувањето на овој план за интеграција, кинескиот носач на авиони и неколку десетици помали воени бродови беа забележани како се собираат во водите близу Тајван, според Тајванските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…