Кина прогласи победа над Ковид-пандемијата
Властите во Кина прогласија „решавачка победа“ над ковид-19, велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицински третман и имаат најниска стапка на смртност во светот.
Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на ковид-19 направи непречена транзиција за релативно кратко време“, истакна Постојаниот комитет на Политбирото на Кина (ПСЦ) на состанокот вчера.
„Постигната е голема, решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата“, додаваат оттаму.
Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но властите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, објавија државните медиуми, пренесува Ројтерс.
На средбата беше истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.
ПСЦ, најмоќното раководно тело во Кина, ги повика сите локални власти и одделенија да го зајакнат системот на медицински услуги, според извештајот на Ксинхуа.
Во декември, Кина ја укина својата речиси тригодишна строга политика по протестите против строгите владини антивирусни ограничувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ ја посети Јутонг фабриката за автобуси…
Пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ,…
Расте бројот на заболени од Ковид во…
Од 29 јули до 4 август во…
Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…
Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…
Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…
Светската здравствена организација објави дека повеќе од…
Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…