Кина успешно направи испорака со дрон на Монт Еверест
Кина соопшти дека успешно го завршила првото тестирање на испорака со дрон на Монт Еверест, највисока планина во светот, од непалската страна, поплочувајќи го патот за олеснување на планинарењето на големи надморски височини, итни спасувања и операции за заштита на животната средина, објавија државните медиуми, пренесува Синхуа.
Во априлското тестирање се користел дронот FlyCart 30 на производителот DJI, при што се пренесени три боци со кислород и 1,5 килограми други резерви од базниот камп (на надморска височина од 5.364 метри) до Камп 1 (на околу 6.000 метри) на највисокиот врв на светот, познат и како планината Ќомолангма во Кина, а за назад е земен отпадот.
Дронот може да носи залихи во тежина од 15 килограми меѓу камповите за 12 минути во повратен лет, дење или ноќе, според кинескиот производител на дронови DJI.
За време на тестирањето, FlyCart 30 летал на височина од 6.191,8 метри на Монт Еверест сместен на границата меѓу Непал и Кина, кој може стабилно да носи товар од 15 килограми на надморска височина од 6.000 метри.
„Способноста за безбедно транспортирање на опрема, залихи и отпад со дронови има потенцијал да ја револуционизира планинарската логистика на планината Ќомолангма, да ја олесни работата за чистење на отпадот и да ја подобри безбедноста за сите“, истакна Кристина Џанг, виш директор за корпоративна стратегија во DJI.
По тестирањето, непалска компанија за дронови доби договор за започнување на операции за испорака со дронови на Монт Еверест од 22 мај, соопшти производителот на дронови.
Дронот на DJI се користи и за симнување на отпад од јажиња и скали.
„Планираме да го користиме на планината Ама Даблам во есенската сезона на искачување“, рече Јагат Прасад Бусал, главен административен службеник на непалската рурална општина Хумбу Пасанг Ламу, каде што се наоѓа Монт Еверест.
Планината Ама Даблам висока 6.812 метри се наоѓа во источниот хималајски венец во Непал.
Извор: СИНХУА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…