Објавено на:

Кина: Училишен автобус удри во група ученици, убивајќи најмалку 11, а повредени 13

t

Училишен автобус утринава удрил во поголема група ученици на влезот од средно училиште во градот Таиџан во источната кинеска провинција Шандонг, при што загинале најмалку 11 лица, а 13 се повредени, соопштија локалните власти во округот Донгпинг, пренесува N1.
Несреќата се случила во 7 часот и 27 минути кога изнајмен училишен автобус изгубил контрола и удрил во група собрана на страната на патот, извести полицијата, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Меѓу повредените има и едно лице кое е во критична состојба, додека другите се стабилни, а од полицијата потврдија дека возачот на автобусот е приведен и дека се истражува причината за несреќата.

Учениците и нивните родители стоеле пред влезот на гимназијата кога на нив налетал автобус и усмртил шест родители и пет ученици, се наведува во соопштението.

Причината за оваа несреќа сè уште не е позната, но безбедноста во преоптоварените училишни автобуси долго време е проблем во Кина, оценува АП.

Во несреќа во 2017 година, дванаесет лица, вклучително и 11 детски градинки, загинаа кога училишен автобус излетал од патот и се запалил во градот Веихаи, исто така во провинцијата Шандонг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Двајца ученици со потекло од БиХ се…

Утрово во училиште во австрискиот град Грац…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…