Кинезите сакаат вештачка интелигенција на социјалистички начин
Регулаторот им нареди на компаниите како „Bytedance“, „Alibaba Moonshot“ и „01.AI“ да подлежат на задолжително тестирање за нивните модели со вештачка интелигенција, објави „Financial Times“, повикувајќи се на добро информирани извори.
Како дел од тестирањето, големите јазични модели треба да одговорат на многу прашања, од кои некои се поврзани со политика и идеологија.
Пред една година, кинескиот регулатор воведе правила за чет-ботови кои наведуваат дека содржината создадена од модели на вештачка интелигенција не треба да биде во спротивност со нормите на јавниот морал или „да содржи повици за поткопување на државната моќ, соборување на социјалистичкиот систем, поттикнување на поделба на земјата или субверзија на националното единство“.
„Financial Times“ наведува дека јазичните модели во многу случаи не ги исполнувале баш овие критериуми.
Највисоко „ниво на усогласеност со безбедносните стандарди“ од 66,4 проценти е забележано од „ByteDance“, а најнизок „GPT 4,0“ на американската компанија „Open AI“, само 7,1%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…