Кинескиот МНР: Двете страни на Тајванскиот теснец ѝ припаѓаат на Кина!
Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг денеска изјави дека двете страни на Тајванскиот теснец и припаѓаат на Кина и дека е вистинската работа Кина да го зачува својот суверенитет.
„Неодамна, имаше апсурдна реторика во која се обвинува Кина за менување на статус кво, а со тоа ги поткопува мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец. Таквата логика е апсурдна, а заклучокот е опасен“, изјави кинескиот министер на форумот Лантинг во Шангај, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека оние кои се чесни можат да видат кој се занимава со „хегемонско малтретирање“.
„Ова не го прави Кина, туку сепаратистичките сили во Тајван и неколку земји кои се обидуваат да го нарушат статус квото“, рече тој.
Чин предупреди дека оние што си играат со оган во Тајван на крајот ќе изгорат, пренесува Танјуг.
Пекинг неодамна одржа воени вежби околу островот откако тајванскиот претседател Цаи Инг-вен се врати во Тајпеј по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти.
Кинеските власти го сметаат Тајван за своја територија и ја осудуваат секоја средба на високо ниво меѓу тајвански и странски претставници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…