Кинески извештаи: ЦИА стои зад шарените револуции низ светот, срушени се или имало обид да се срушат влади во 50 држави!
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) стои зад голем број хакерски напади и „обоени револуции“ ширум светот, се вели во извештајот на кинескиот Национален центар за одговор при итни случаи на компјутерски вируси и фирмата за интернет безбедност 360.
„ЦИА долго време тајно се занимавала со организација на „мирни промени“ и „обоени револуции“, шпионски активности и кражба на информации“, се истакнува во извештајот.
Авторите наведуваат дека „Плишаната револуција“ од 1980-тите, „Револуцијата на розите“ во Грузија во 2003 година, „Портокаловата револуција“ во Украина, „Револуцијата на лалињата“ во Киргистан, „Арапската пролет“, втората обоена револуција во Украина, „Движењето сончоглед“ во Тајван и многу други признати од меѓународните организации и експерти како типични случаи на обоени револуции управувани од американските разузнавачки служби.
Дополнително, се додава, американските разузнавачки служби се обиделе да организираат обоени револуции во Белорусија, Азербејџан, Либан, Мјанмар, Иран и други земји.
„Според статистичките податоци, во последните неколку децении, ЦИА собори или се обиде да собори легитимни влади во над 50 земји во светот, предизвикувајќи немири во нив“, се вели во извештајот.
Се наведува и дека во 2020 година компанијата „360“ ја открила досега непознатата хакерска организација APT. Според авторите на извештајот, организацијата користела алатки слични на оние што се појавуваат во документите објавени од Викиликс и таму се наведени како хакерски алатки на ЦИА за сајбер нападите.
Главните цели на нападот на компанијата, кој кинеските експерти го нарекоа APT-C-39, беа важни информациски инфраструктури на различни земји, воздушна, научно-истражувачки институции, нафтени и петрохемиски компании, големи интернет компании и владини институции. Активноста на компанијата може да се следи од 2011 година, додека сајбер нападите продолжуваат до денес, заклучуваат авторите на извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦИА и Мосад на разговори во Катар
Шефовите на ЦИА и Мосад се сретнаа…
Египет го отфрли предлогот на ЦИА за…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно,…
Директорот на ЦИА ќе го посети Израел!
Директорот на ЦИА, Вилијам Џеј Барнс треба…
Вашингтон пост: ЦИА беше однапред информирана за…
Беспилотните летала со кои Украина удри на…
Вашингтон Пост: СБУ го организираше убиството на…
Вашингтон Пост цитирајќи изјави напишаа дека за…