Објавено на:

Кирилов: САД признаа дека во Украина се спроведени биолошки истражувања на сиромашни и пациенти во психијатриски болници

t

Американската делегација во Женева призна дека во Украина биле спроведени биолошки истражувања на сиромашни граѓани и пациенти во психијатриски болници.
Ова во понеделник го изјави шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.

-Објаснувањата на Соединетите Американски Држави и Украина во врска со отстранувањето на соеви и биоматеријали на украинските граѓани и почитувањето на етичките стандарди при спроведување на истражувања за граѓани со ниски примања, како и за една од најранливите категории на население – пациентите во психијатриските болници делуваа крајно неубедливо, рече Кирилов на брифингот по консултативната средба на земјите потписнички на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсично оружје во Женева, пренесе Спутник

Според неговите зборови, „американската делегација ги признала таквите факти“ притоа оградувајчи се дека испраќањето патогени биоматеријали во САД „било реткост“.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација, се наведува дека делегацијата на министерството во Женева презентирала материјални докази за воено-биолошките активности на САД во Украина и дека „ниту една од делегациите не се сомневала во нивната автентичност“.

-На учесниците на состанокот им беа доделени копии од документи кои претходно ги објави Министерството за одбрана на Русија, како и материјални докази кои го потврдуваат спроведувањето на воено-биолошките програми на територијата на Украина, се наведува во соопштението за медиумите.

Како што рече генералот Кирилов, претставниците на Украина ги игнорираа прашањата за складирање на опасните биолошки агенси во Институтот за борба против чума „Мечников“.

Рускиот генерал предупреди дека „во институтот „Мечников“ се складираат опасните биоматеријали, без валиден систем за контрола на пристапот до патогени микроорганизми“.

Кирилов тврди дека САД го зајакнуваат својот воено-биолошки потенцијал со градење лаборатории во странски земји и собирање соеви на особено опасни микроорганизми под превезот на член 10 од Конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје, кој се однесува на меѓународната соработка и размена на информации за мирни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…