Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарскиот народ: Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе заедно со претставници од унгарската амбасада во Македонија

t

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,денеска заедно со унгарската амбасада го одбележаНационалниот ден на унгарскиот народ.

“Нека е честит Националниот ден на унгарскиот народ!Преку дела да говориме за почитта што ја имаме кон оваа земја.

Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на револуционерот Шандор Петефи и со пригодна манифестација, заедно со унгарската амбасада, денес го одбележавме Денот на Унгарците.

Секогаш е убаво да се споделат убавите моменти со пријателите, па така и денес, убаво е да се биде дел од манифестацијата која за Унгарците во Македонија и ширум светот, значи одбележување на голем ден од нивната историја.Се поклонивме и положивме свежо цвеќе пред спомен одбележјето на истакнатиот поет и револуционер Шандор Петефи, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава.

Со заедничкото чествување на Националниот ден на Унгарците, со нашиот придонес во развивање на културните врски со Унгарија, како и со заемните заложби за зближување на двата народа преку континуираната соработка меѓу општина Кисела Вода и унгарската амбасада во Македонија, преку дела говориме за почитта што ја имаме кон оваа земја и нејзиниот народ.

Верувам во продолжувањето на добрата соработка помеѓу општина Кисела Вода и Унгарија преку својата Амбасада во Македонија, како и со Здружението на Унгарците во Македонија.Амбасадорот Ласло Иштван Дукс исто така ги упати своите честитки по повод 15 Март, како значаен датум во унгарската историја. На кусо, тој се осврна на ликот и делото на Шандор Петефи, потенцирајќи го неговото значење за денешна Унгарија.Упати и благодарност до општина Кисела Вода, наведувајќи дека на негово големо задоволство, посветената работа на зближување на двата народа, македонскиот и унгарскот продолжува и во иднина.

Ги поделивме и наградите за најуспешните ученици од основните општински училишта кои учествуваа на конкурсот за проектот „Запознај ја Унгарија“ на темите : „Животот и делото на унгарскиот поет Шандор Петефи“ и „Револуцијата од 1848 во Унгарија и нејзиното значење“. – напиша Ѓорѓиевски на неговиот Фејсбук профил.

Линк до објавата на Фејсбик: https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/502386241514670

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…