Клековски против минималната плата од 600 евра, така ќе имаме иста куповна моќ како Германија и Холандија
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, предупредува дека јавната дебата за минималната плата од 600 евра во Македонија се води со погрешни споредби и „мешање на баби и жаби“, особено кога се споредуваат нето и бруто износи, како и кога се игнорира паритетот на куповна моќ (ПКМ).
Клековски посочува дека Еуростат користи бруто плати, а не нето, токму за да се елиминираат разликите во националните даночни и социјални системи. Како пример ја наведува Црна Гора, која во нето износ има минимална плата од 600 евра, но во бруто износ таа изнесува околу 670 евра, додека македонската бруто минимална плата е 586 евра – што, според него, значи дека Македонија не е на дното во регионот.
Тој објаснува дека разликите произлегуваат од различни модели на оданочување и придонеси, при што Црна Гора има значително пониски придонеси и персонален данок, но повисок ДДВ. Таков модел, според Клековски, би можел да се примени и кај нас само со цена на повисоки цени за граѓаните.
Дополнително, Клековски нагласува дека паритетот на куповна моќ покажува реална слика за животниот стандард. Според податоците на Еуростат, минималната бруто плата во Македонија изразена во ПКМ изнесува 1.069 евра, со што земјата се искачува од 26. на 20. место меѓу земјите на ЕУ и кандидатите, влегувајќи во средната група.
Според неговата анализа, минимална нето плата од 600 евра би ја позиционирала Македонија во иста група со Германија и Холандија според куповна моќ, што, како што оценува, не е реално со оглед на сегашното ниво на продуктивност во економијата.
Клековски посочува дека клучниот проблем не е минималната плата, туку ниската продуктивност кај дел од домашните компании, нагласувајќи дека странските и извозно ориентираните фирми во земјава имаат дури четири пати повисока продуктивност од просекот.
– Кога продуктивноста ќе порасне кај најголем дел од фирмите, тогаш нема да зборуваме за минимална плата од 600 евра, туку за значително повисоки примања, оценува Клековски.
Тој ги темели ставовите на официјални податоци од Еуростат и анализи на Euronews, потенцирајќи дека економските политики мора да се водат врз основа на реални индикатори, а не според површни споредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски против минималната плата од 600 евра,…
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо…
Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но…
Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал…
Хорор во Бугарија – шестмина мртви во…
Бугарските власти истражуваат убиство на шест луѓе…
СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците
Така наречениот договор којшто денеска е постигнат…
Кајмакоски потврди: Ми се закануваа со пиштол,…
Вистинската драма се одвиваше во Белград кога…