Објавено на:

Климатскиот самит на работ на колапс – Сиромашните земји бесни, ги напуштија преговорите

t

Трпението е при крај, а тензиите зоврија на климатските разговори COP29 во Азербејџан, кои требаше да завршат вчера, но се уште продолжуваат.

Претставниците на десетици острови чувствителни на климата и африкански земји излегоа од разговорите откако го отфрлија нацрт-договорот за парите што ќе им помогнат да се справат со климатските промени. По две недели напната дипломатија, повеќе од 190 земји собрани во главниот град Баку се уште се обидуваат да договорат нова финансиска спогодба за да ги насочат парите кон посиромашните земји за да се прилагодат на климатските промени.

Најмалку развиените земји бесни

Најмалку развиените земји како Мозамбик и островските држави како Самоа се бесни што нивните повици за удел во фондот се игнорирани. Самоанскиот министер за природни ресурси и животна средина, Тулесулусулу Седрик Шустер е еден од претставниците кои ја напуштија дебатата.

„Тука сме да преговараме, но заминавме. Во овој момент чувствуваме дека таму не нè слушаат“, рече тој во име на повеќе од 40 мали островски земји и земји во развој, чии крајбрежја исчезнуваат поради порастот на нивото на морето.

Набргу потоа, тој се закани дека целосно ќе го напушти COP29: „Ние не сакаме ништо повеќе освен да продолжиме со нашиот ангажман, но процесот мора да биде инклузивен. Ако тоа не може да биде случај, за нас станува многу тешко да продолжиме со нашиот ангажман овде на COP29“.

Еванс Њева, кој претседава со групата на повеќе од 40 најмалку развиени земји, рече дека сегашниот договор е „неприфатлив“. „Мораме да разговараме со другите земји во развој и да одлучиме што да правиме“, рече тој.

Во последниот официјален нацрт беа предвидени 250 милијарди долари годишно до 2035 година. Ова е двојно повеќе од договорената сума пред 15 години. Но, ни блиску до годишните 1,3 трилиони долари за кои се залагаат експертите за клима. Но, групата од 77 земји во развој кои преговараат како блок изгледа не сакаат да прифатат нешто помалку од 500 милијарди долари.

Земјите во развој се бесни не само на финансиските разговори, туку и на неуспехот да се договорат како да се постигне напредок во минатогодишното ветување за „транзиција на фосилни горива“.

Земјите во развој ги обвинија богатите дека се обидуваат да ги постигнат своите цели преку методот на трошење. И малите островски нации, кои се особено ранливи на влошените ефекти од климатските промени, го обвинија претседателството на земјата домаќин дека ги игнорирало две недели.

Земјите во развој се лути и поради фосилните горива

Земјите во развој се лути не само поради преговорите за финансирање, туку и поради тоа како да се постигне напредок во минатогодишниот договор за оддалечување од фосилните горива. Самоанскиот министер рече дека напредокот мора да биде видлив.

„Мораме да видиме напредок и да ја следиме транзицијата од фосилните горива за која се договоривме минатата година. Од нас беше побарано да заборавиме на сè на овој COP, како да не сме во критична деценија“, рече тој.

Азербејџанското претседателство ги повика земјите да ги „надминат разликите“.

„Никој од нас не сака да го напушти Баку без резултат… Затоа, ве замолувам да го интензивирате меѓусебниот ангажман за да ги надминеме поделбите што сè уште не делат“, рече претседателот на COP29, Мухтар Бабаев.

Крајно незадоволни се делегатите од 45 најсиромашни земји, главно африкански и околу четириесет мали островски држави.

„По тешкото искуство во Баку, мораме да постигнеме минимално прифатлив резултат“, рече бразилската министерка за животна средина Марина Силва, која ќе биде домаќин на следниот COP за една година.

„Тажен сум, уморен, деморализиран, гладен сум, не спијам, но задржувам малку оптимизам бидејќи ова не може да стане уште еден Копенхаген, потребен ни е договор“, рече Хуан Карлос Монтереј Гомез, панамски преговарач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Климатскиот самит на работ на колапс –…

Трпението е при крај, а тензиите зоврија…

Борел: Налозите на МКС се обврзувачки, ЕУ…

Владите на Европската унија не можат да…

Зеленски: Во руските напади оштетен 321 објект…

Руски беспилотни летала и проектили оштетија 321…

Олаф Шолф како Џозеф Бајден, на Германија…

Олаф Шолц се најде во ситуација слична…

Притвор за министерот во оставка Весиќ и…

Судот во Нови Сад им одреди притвор…