Клиничкиот центар остана без десетици лекари
Лекарите и другиот медицински персонал во Клиничкиот центар кои ја достигнаа возраста за пензионирање, од денеска завршуваат со работа и покрај нивното барање да продолжат уште три години.
Но, од Министерството за здравство велат дека работата по пензионирањето за дел од нив не може да продолжи бидејќи не го исполниле бројот на интервенции и не биле ефикасни при медицинските третмани. Министерот Сали вели дека сега се отвора можност за вработување на млади лекари.
Од синдикатот на Клинички центар велат дека се работи за 80 лекари, но Сали тврди дека на списокот има околу 30. Алсат пак, обезбеди список од 48 лекари кои заминуваат во пензија.
Список на штотуку пензионирани лекари:
„13 од Педијатрија, 7 од Инфективна клиника, 5 од Хематологија, 4 од Ортопедија, 3 од Кардиологија, пулмологија и ревматологија, 2 од кардиологија, психијатрија, ендокринологија и гастро, 1 од трауматологија.“
Од Синдикатот обвинуваат дека им се прекршуваат законските права, повикувајќи се на Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита и најавуваат тужби.
На ниво на државата бројката на лекари кои денеска ќе заминат во пензија надминува 100.
Во кумановската болница се пензионираа 5 специјалисти, а ништо подобро не е ниту во другите болници.
Извор: Алсат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…
Претепано дете во скопски Центар, претходно два…
„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…
Скопјанец пронајден починат во домот во Центар
Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…
За првпат по 50 години Центар доби…
Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата…
Пронајден починат 39-годишен скопјанец во подрачјето на…
На 10.04.2025 во 22.00 часот во СВР…