Кличко: Во утринската серија напади врз Киев се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани

t

Во утринската серија руски ракетни напади врз Киев се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Градоначалникот додаде дека жителите на главниот град се повредени во пожар што избил во повеќекатница во населбата Соломенски, по ракетен напад.

Според Кличко, во областа Подолск биле оштетени инфраструктурен објект и гасоводна цевка, а некои делови од градот останале без струја, пренесуваат украинските медиуми.

Шефот на регионалната администрација на Харков, Олех Синехубов, соопшти дека едно лице загина, а 22 се повредени во руските ракетни напади врз градот.

Синехубов изјави дека централниот дел на Харков, особено областа Шевченко, бил цел на руските ракетни напади и дека во нив се оштетени станбени згради, помошни згради и цивилна инфраструктура.

Руските сили утрово извршија масовен ракетен напад врз повеќе локациии во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…