Кличко е “тим Залужни”: Зеленски ќе плати за своите грешки!

t

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе плати за своите грешки.
Тој во интервју за швајцарскиот портал „20 Minuten“ вели дека не е изненаден од падот на популарноста на Зеленски.


„Луѓето гледаат кој е ефикасен, а кој не. Имаше и има многу очекувања. Зеленски плаќа за грешките што ги направи… Имаше премногу информации кои беа невистинити“, оцени Кличко.
Тој, исто така, се прашуваше дали Украина ќе продолжи да постои.
На прашањето на порталот дали Кличко има политички амбиции во врска со функцијата претседател на Украина, градоначалникот на Киев изјавил дека во овој момент „би било глупаво“ да се размислува за такво нешто.
„Денес се работи само за тоа дали Украина воопшто ќе продолжи да постои“, истакна Кличко.


Се согласувам со Залужни


Градоначалникот на Киев се согласи и со зборовите на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни дека Киев е во ќорсокак на фронтот.
Тој (Залузни) ја кажа вистината. Понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината. Но, на крајот тој ја сноси одговорноста. Тој ја објасни и оправда моменталната состојба. Се разбира, можеме во еуфорија да ги лажеме нашите луѓе и нашите партнери. Но, тоа не може да се направи засекогаш. Некои наши политичари го критикуваа Залузни за неговите јасни зборови, но залудно. Јас сум на негова страна“, изјави Кличко.


Претходно, во интервју за магазинот „Економист“, Залужни призна дека Украина е во ќорсокак во конфликтот и рече дека „најверојатно нема да има длабок и убав пробив“. Според него, според „учебниците на НАТО“, вооружените сили на Украина веќе требало да „војуваат“ на Крим. Подоцна, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Зеленски се правдаше дека „не се во ќор-сокак“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…