Кличко предупредува: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секој момент

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави денеска дека инфраструктурата на главниот град на Украина може да се урне во секој момент, бидејќи спорадичните руски ракетни напади заедно со падот на температурите ги ставаат локалните власти под зголемен притисок.
Кличко изјави за Ројтерс, на маргините на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, дека западните сојузници на Украина мора да ја забрзаат испораката на системи за противвоздушна одбрана што можат да соборат руски ракети.
Градоначалникот на Киев ја обвини Москва дека неселективно ги таргетира цивилите, како и клучната инфраструктура, загрозувајќи го снабдувањето со електрична енергија, проточна вода и централно греење.
Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи…во секој момент, руските ракети би можеле да ја уништат нашата критична инфраструктура во Киев – рече Кличко.
Тој додава дека сега во Украина е прилично студено и дека животот без струја и парно е речиси невозможен.
Ситуацијата е критична, се бориме да преживееме – изјави Кличко.
Поранешните светски шампиони во бокс во тешка категорија, Виталиј и Владимир Кличко се дел од пошироката украинска бизнис и политичка делегација на високо ниво, која присуствува на самитот во Давос.
Дел од фокусот на украинската делегација во Давос ќе биде поставувањето на темелите за идната реконструкција и проценката на можностите за инвестирање во закрепнувањето на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…
Фајненшл тајмс: Киев се согласи на договор…
Киев се согласи со новите услови од…
Трамп: Имаме многу конструктивни преговори со Москва…
Вашингтон води многу конструктивни преговори и со…
Детонатор ѝ експлодирал во рацете на радиоводителка…
Утринава во студиото на украинската радиостаница „Армија…
Путин: Русија ќе ги искористи сите расположливи…
Русија ќе ги искористи сите расположливи средства…