Книги достапни за секого: Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк
Детскиот културен центар „Карпош“ деновиве постави нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк, заменувајќи ја старата која беше оштетена.
Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.
Овие куќарки се поставени како дел од проектот „Улични библиотеки“ кој го реализираат Детскиот културен центар „Карпош” и Град Скопје. Во овие улични библиотеки граѓаните можат бесплатно да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат, но и да оставаат книги кои би сакале да ги споделат со другите.
Главната цел на овој проект, кој се проведува под мотото книгите да бидат достапни за сите. Тие се симбол на доверба и надеж – мала предност на книжевната среќа. Воедно апелираме до граѓаните да бидат совесни да не се оштетува поставената урбана опрема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се договара размена на заробеници деца помеѓу…
Израел и Хамас преговараат за потенцијален договор…
Ќе делат книги за Македонците во Албанија…
38% од Бугарите не прочитале ниедна книга…
(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…
Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…
Така ќе победат во војната: Украина ги…
Врховната Рада на Украина изгласа забрана за…
(Видео) Ќе има нови содржини во паркот…
Во општина Сарај ќе се изградат 6…