Коалициски маки големи: ВРЕДИ апелира до Димитриевски да не му прави ќеиф на ДУИ
сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност.
Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно исполнување. Во тој контекст апелираме ЗНАМ несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ“ се вели во реакцијата на коалицијата ВРЕДИ по вчерашната изјава на претседателот на ЗНАМ – Максим Димитриевски кој вели дека е погрешно коалицијата „ВРЕДИ“ да ја имитира ДУИ, бидејќи ДУИ е веќе видена работа и едно минато.
Од ВРЕДИ реагираат дека „Нивното криминално раководство посакува тензии на сите полиња. За да се спасат од кривична одговорност за сторената политичка корупција и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот сонуваат и за потреси во владејачката коалиција. ВЛЕН доби 107 илјади албански гласови и не може етнички да се обезличува само за движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата. Особено што Димитриевски е избран за Градоначалник на Куманово и со Албански гласови и многу добро ја знае важноста од меѓусебното разбирање и почитување. Не сакаме да веруваме дека ЗНАМ сакаат да влезат во кампања за локалните избори со повторувањето на погубното кредо на Тито Петковски од претседателските избори во 1999 – не ни требаат гласовите на Албанците“.
„Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток здив. Во секоја медиумски настап логично е ЗНАМ јасно да се декларира како владин партнер, без да дозволи комплексот од ДУИ во времето на владеењето со СДСМ да му ја замаглува политичката диоптрија и да ги усложнува односите во Владата за ситни политички поени. ВЛЕН е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараа опција сосема спротивна од ДУИ“ велат од ВРЕДИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…
Демократската унија за интеграција со реакција до…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
ДУИ: Закажувањето седница за јавна дебата за…
„Денес заврши една недела која на најјасен…