Ковачевски: Бевме на вистинската страна кога го потпишавме Охридскиот рамковен договор

t

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната церемонија за одбележување на Денот на народното востание и антифашистичката борба – 11 Октомври.

Во продолжение дел од неговиот говор:

– Водени од илинденската идеја за слобода, македонскиот народ и сите народи во нашата држава, во 41-та, ги формира првите партизански одреди коишто прераснаа во доброорганизирана, над стоилјадна, народноослободителна армија, којашто, по четири години, се избори за слободарскиот идеал.

Данокот на оваа победа е во крв: страдања и загуби на луѓе, на домови и огромни економски штети.

Но, денешна, Република Македонија постои благодарение на ова, 11-октомвриско победничко антифашистичко  народноослободително движење, чијшто политички успех е првото заседание на АСНОМ, кога народот го официјализира и идеалот за сопствена македонска држава.

Ова е непобитна вистина!

И ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни!

И многу важно почитувани граѓани, сите ние, денес сме на вистинската страна, на патот на напредокот и мирот, бидејќи борците од Народноослободителната борба во 1941-та година се избориле и ни го покажале патот, кога во Втората светска војна го отфрлиле окупаторот и се избориле за слободата и државотворноста.

Овој континуитет, да се биде на вистинската страна, го задржале и генерациите од поновата македонска историја, кога во 1991-та година, при распадот на тогашна Југославија, отфрлиле нов раздор и војна, се обединиле во етничките и сите други различности и избрале по мирен пат да ја создадат независна Република Македонија.

Застанавме на вистинската страна и со членството во Обединетите нации, каде обезбедивме меѓународно признание  македонскиот јазик, на нашиот македонски идентитет и на нашата заедничка држава на рамноправни народи: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други-во единствената, суверена и независна Република Македонија.

Бевме на вистинската страна и кога во 2001-та година спречивме меѓуетничкиот конфликт да прерасне во граѓанска војна, со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Застанавме во огромно мнозинство на вистинската страна и во 2017-та година кога ја обновивме демократијата во државата, по премрежјата на нестабилност и изолација на домашен и меѓународен план.
На вистинската страна се поставивме и кога одлучивме да градиме Едно општество за сите и како функционална, мултиетничка држава, Европа во мало. Нашиот уникатен и одржлив модел на демократија е она по што денес светот нè гледа и препознава. Ние сме регионално, европски и меѓународно препознаени како фактор на стабилност, безбедност и развој..

Застанавме на вистинската страна и во 2018-тата година, со потпишувањето на Договорот од Преспа, по што станавме 30-тата полноправна членка на НАТО. Денес, во услови на мировните закани во глобален контекст, се сфаќа вистинското значење на оваа тешка, но единствено исправна одлука, со којашто ги зацврстивме територијалните граници на нашата држава на европската и светската мапа.

Пред предизвикот сме да ги реализираме и европските интеграции и да станеме полноправна членка на Европската Унија, што е нашата втора рамноправно важна, национална и државна стратешка цел.

Европската Унија,  јасно и гласно, во документите, преку европските лидери и на дело, во формалната комуникација што е достапна на сите граѓани, секојдневно, но и трајно го потврдува признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Ја имаме целосната поддршка и во развојот на нашата мултиетничка граѓанска држава.

Недвосмислено се почитува и нашето практикување на европски вредности во унапредувањето на добрососедските односи.

Се вреднуваат и нашите определби со коишто се поставивме целосно на линија на политиките на ЕУ, во поглед на позициите во војната во Украина.

Како што за време на Втората светска војна народот во нашата држава се стави на вистинската страна во борбата против фашизмот, заедно со народите од европските држави и САД за да се постигне светскиот мир и просперитет-и денес сме рамо до рамо со државите членки на ЕУ и на НАТО, на страната на светскиот мир и напредок.

Во услови кога агресијата и војната, неочекувано за 21-от век, се појавува повторно, значаен е сечиј придонес во унапредувањето на меѓусебното разбирање и во дијалогот како цивилизациски придобивки.

Ние покажавме, низ сопствен и конкретен пример при зачленувањето во НАТО, дека примената на функционална и успешна дипломатија за сопствените државни, но и заеднички, на нашите сојузници, интереси и вредности е можна.  

Денес, седиме на заедничка маса со европските лидери, во Европската Унија и без посредници, лично, ги адресираме и актуелните предизвици со обезбедувањето енергија и храна и посочуваме и бараме решенија за сите прашања што ги цениме за важни.

Тоа е придобивката од започнатите преговори со Европската Унија! – истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…

Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…

Министерот за одбрана на привремените институции на…

Се создава „чудовиште“? Русија и Иран ќе…

Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен…