Ковачевски: Вакво зголемување на платите на наставниците немало никогаш

t

„Се покажа дека штрајкот практично не беше решение, туку дека дијалогот е решение“, оцени премиерот Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието, за резултатите од разговорите со СОНК, за платите во образованието.

„Постигнато е историско зголемување на платите во образовниот сектор што изнесува 15 проценти и заедно со покачувањата во изминатите години коишто беа 21 процент кумулативно, се над 36 проценти покачување на платите во образованието. Во историјата не се случило такво зголемување и покачување на платите на наставниците и просветните работници“, посочи премиерот Ковачевски.

Тој ја потенцираше споредбата кога за 10 години, платите беа само за 4 проценти зголемени и се носеа на секој штрајк заменски наставници и денес кога има за 36 проценти покачување, за 5 години и се водат дијалози со синдикатите.

„Постоеја голем број на влијанија кои сметаа дека СОНК треба да оди со штрајк и ние во ниту еден момент не го спречивме. Кажав дека поминати се времињата кога се носеше закон за носење на заменски наставници и кога третманот на наставници и образовни работници во време на штрајк беше исклучиво со партиски и политички притисоци“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски, додаде дека „нашата држава има институции и има законски решенија коишто овозможуваат и без штрајк да се постигне договор, а оваа Влада докажа дека може да ги користи законските решенија со коишто се доаѓа до заеднички прифатливо решение и во оваа сфера каде што се регулираат работничките права“.

„Уште еднаш сакам да го поздравам договорот којшто е постигнат, знам дека Министерот за образование и СОНК треба во овие денови да ја потпишат спогодбата и со тоа да почне и реализацијата. Нормално, во ребалансот предвидени се средствата за она што беше договорено, а останува пред нас да се договори методологијата за зголемување, раст на платите во јавниот сектор вклучително и во секторот на образование“, рече премиерот Ковачевски.

„Имаме и отворен дијалог со репрезентативниот синдикат во однос на зголемување на платите и воведување на методологија, којашто нема да биде насочена само на зголемување на платите врз основа на зголемување на трошоци за живот што треба да биде вклучено, врз основа на зголемување на просечна плата што треба да биде вклучено – меѓутоа и во однос на зголемување на продуктивноста и во однос на зголемување на ефикасноста на работењето, бидејќи овде се работи за јавниот сектор. Приватниот сектор е тој кој што го плаќа јавниот сектор и мора да му се испорача повисока услуга. На последната седница на Владата се донесе нова програма за инвестиции во образованието, но точно е дека треба да се подобрат и резултатите во образованието“, порача премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…