Ковачевски во Понеделник во посета на Софија

t

Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во понеделник ќе престојува во Софија, на разговори за справување со енергетската криза.

„Работната посета на премиерот Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика е за справување со последиците на светската енергетска криза“, соопштија од Владата.

Нема детали со кого Ковачевски ќе се сретне во Софија и за што точно ќе се разговара.

На прес конференцијата по завршувањето на самитот на Отворен Балкан Вучиќ, Ковачевски и Рама изјавија дека нѐ чека тешка зима.

Ковачевски во интервју за РТС, говорејќи за влијанието на војната во Украина врз лошата економска ситуација во Европа, вклучително и во земјите од Западен Балкан и Македонија, посочи дека како нејзин резултат е енергетската и економска криза која е најголема по Втората светска војна и тоа го покажуваат сите извештаи од берзите за суровини, за енергенси, за прехранбени производи, а го покажуваат и билансите на државите и мерките кои тие ги преземаат, како членките на ЕУ и оние кои се надвор од неа.

Владина делегација присуствуваше на заедничкиот „Саем на винска визија на Отворен Балкан“, којшто изминатите денови се одржува во Белград, а кој немаше да биде реализиран доколку не постоеше иницијативата на трите земји од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…