Ковачевски го партизира одбележувањето на 11 Октомври во Куманово: СДСМ ќе победи на следните избори, а Македонија ќе биде европска земја
„СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира идната европска Влада“.
Ова денеска од Куманово го порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски кој го партизираше настанот за одбележување на 11 Октомври со партиска реторика за избори.
„Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација. Граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава. Затоа ќе победиме! СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври овде во Куманово“ рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…