Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и МОН
Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за вработените во образованието и покачувањето на платите за дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тој информира дека ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
-До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи. Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција, наведува Ковачевски.
Премиерот апелира до членството на СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.
Вечерва министерот за образование, Јетон Шаќири информираше дека е договорено зголемување на платите на просветните работници во основното и средното образование.
-Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…
Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара…
Упад во системот на електронскиот дневник, кој…