Ковачевски го честиташе Денот на албанската азбука

t

Премиерот Димитар Ковачевски го честиташе Денот на албанската азбука.

– Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука!

Ова е значаен датум за албанскиот народ, поврзан со Битолскиот конгрес во 1908 година, еден од најважните политички, културни, образовни и научни настани за албанскиот народ, кога е унифицирана албанската азбука. Со тоа е отворен патот за вредното многу децениско творештво на современ албански јазик и за културен и образовен развој на албанскиот народ.

Со посветено чествување на овој празник, потврдуваме дека сме функционално мултиетничко општество, пример во регионот и Европа, со еднакви права и одговорности за сите граѓани, каде соживотот не е обврска, туку определба. И продолжуваме да ја градиме довербата, со меѓусебно почитување и со политики што поврзуваат, како во нашата држава, така и кон европското семејство на народи и држави, каде што припаѓаме. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарите кренаа паника за македонското потекло на…

По бурните реакции во бугарското општество за…