Ковачевски денеска на увид на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.
Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загина работник на автопатот Кичево-Охрид
На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР…
Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид…
Јас цврсто стојам на моето ветување дека…
Од Кичево кон Охрид ќе се вози…
Работиме и во зимските месеци и автопатот…
Коце Трајановски изврши увид долж трасата од…
-Денес заедно со главниот надзор ГИМ,изведувачот Синохидро,…
Повреден Индиец додека растоварал песок на автопатот…
Во полициската канцеларија во кичевското село Извор,…