Ковачевски дециден: Бугарските клубови мора да ги сменат имињата, Законот ќе важи и Бугарија нема да може да влијае на тоа

Во Собранието имаме донесено Закон за здруженија на граѓани кој ќе биде спроведен како и сите други закони во оваа држава. Дали некоја друга држава ќе донесе каква било декларација е право на државата и тоа не може да влијае на спроведувањето на законите. Барам и Бугарија и сите други држави да ги спроведуваат одлуките, пресудите на сите меѓународни судови, институти на кои се членови како што тоа го правиме и ние, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од Рашела Мизрахи дали и имплементирањето на законот за здруженија и фондации кој требаше да одговори на прашања на фашистички имиња и нивни соработници е попречуван заради бугарската декларација.
-Ние преговараме за членство во ЕУ со ЕУ, а не со Бугарија. Со Бугарија имаме билатерални прашања кои се регулирани со договор и за тоа се формирани работни тела кои работат без политичко влијание и без политички притисок врз основа на научна методологија и единствено со целосен консензус можат да носат зкалучоци кои потоа треба да бидат институционално спроведувани. Имаме адмнистрација која успешно ги води преговорите со ЕУ, односно скрининг процесот. Сигналите се позитивни од ЕУ, а со темпото со кое се работи до ноември како што е планот ќе заврши скрининг фазата на процесот на пристапување кон ЕУ, посочи Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…