Ковачевски: Едноцифрената инфлација е доказ дека мерките на Владата функционираат

Премиерот Ковачевски вели дека податоците дека инфлацијата во јуни годинава е едноцифрена, односно намалена во однос на претходниот период е доказ дека владините мерки функционираат.
-Едноцифрена инфлација за јуни 2023 година. Денеска, Државниот завод за статистика објави охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата, коe се спушти на 9,3% во јуни 2023 година, забележувајќи скоро 10 п.п. пад во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 19,8%.
Ваквите податоци укажуваат дека мерките што ги презема Владата го даваат очекуваното и инфлацијата од октомври 2022 година се движи во континуитет во надолна линија. До крајот на годината очекуваме овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2%.
Намалувањето на инфлацијата е позитивен фактор за севкупната македонска економија. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
Инфлација од 4.3% во споредба со лани!
Државниот завод за статистика го потврди она…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…