Ковачевски за Отворен Балкан: Ние се поврзуваме побрзо и бариерите се пробиваат
Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи и ги признаваме дипломите. Бариерите се пробиваат и ние се поврзуваме побрзо, истакна премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски.
По денешниот видео-конференциски состанок со српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека разговарале за уште пофлуидно и брзо имплементирање на проектите во рамките на Отворен Балкан.
– На самитот во Охрид на 7 и 8 јуни фокусот ќе биде на туризмот и културата, најави премиерот.
Вучиќ по средбата на својот Инстаграм профил напиша дека Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот.
– Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Албанија и Македонија, порача Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав”, заедно со фотографии од видео-конференцијата.
На средбата присуствувале и српскиот министер за финансии, Синиша Мали, министерката за трговија, Татјана Матиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж.
На почетокот на јуни во Охрид се очекува средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан”, на која ќе присуствува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…
Првите неколку месеци од оваа година на…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…