Ковачевски: Изборите ги изгубил тој што нема да може да формира Влада
Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите, бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Крајниот резултат ќе го видиме на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се да се разговара во однос на формирање на влада, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада. Полека, па ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8 мај нека дојде па ќе видиме, рече Ковачевски по средбата со претставниците на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањето на националистичката реторика во рамки на кампањата, претседателот на СДСМ потенцира дека тој веќе ги осудил изјавите кои не враќаат 20 години наназад.
– Јас веќе ги имам осудено изјавите и на Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот „Македонија“ бидејќи тие се анахроно скандирања кои не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато којшто сме го надминале со Охридскиот рамковен договор, што сме го надминале со членството во НАТО благодарение на СДСМ и кое што сме го надминале со отпочнувањето на преговорите со ЕУ повторно благодарение на СДСМ и исто така упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска дека националистичка реторика не води никаде, рече Ковачевски, кој е носител на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата предводена од СДСМ во Првата изборна единица.
Дополни дека овие избори не се за враќање назад кон минатото, туку се за иднината и оти не се за изолација, туку за интеграција во ЕУ бидејќи, нагласи, изолација може да значи изолација и внатре во рамки на етнички заедници што ќе значи изолација и од соседите и што ќе значи изолација финална и на државата од европските процеси.
Како што изјави Ковачевски, СДСМ останува единствената политичка опција која се бори за мултиетничко општество и за рамноправност на сите граѓани без разлика на нивната припадност по кој било основ и за интеграција на државата во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…