Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Белград: Нашите мисли се со семејствата на починатите

t

Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски, напиша премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“ по трагедијата што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, кога ученик на возраст од 14 години застрела осум деца и лице за обезбедување.

Ковачевски во име на Владата и во свое лично име изрази длабоко и искрено сочувство за загубените животи.

-Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Во цела Србија е прогласена тридневна жалост, почнувајќи од петок, 5 мај, а завршува во недела на 7 мај, по страотниот напад што се случи во едно белградско училиште кога ученик влегол и почнал да пука кон своите врсници и вработени. Убил осум студенти и еден чувар. Неколкумина се повредени, меѓу кои и наставничка чии лекари се борат за нејзиниот живот. Наставата денеска нема да се одржува, а утре ќе започне со едноминутно молчење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Трагедија: Маж загина по удар од приколка…

Шеесет и петгодишен жител на село Младо…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…