Ковачевски им порача на Македонците во САД да бидат горди на своето потекло

t

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски синоќа се сретна со истакнати личности од Македонија, кои работат и живеат во САД.

На приемот кој се одржа во Македонскиот културен центар во Њујорк, присутни беа лица кои работат во Организацијата на Обединети Нации, како и наши истакнати професори уметници и претставници од бизнис заедницата.

Премиерот Ковачевски во поздравното обраќање истакна дека е огромна честа и задоволството да се биде заедно со наши луѓе во Њујорк.

После подолго време затвореност на светот сега имаме повторно можност да се дружиме и поразговараме за повеќе актуелни теми.

Драго ми е што на едно место сме присутни различни луѓе од различни културни средини, сите со различни искуства и животни приказни. Тоа е она што е специфично за нас и дома и низ светот, различностите секогаш биле нашата јака страна и нешто што треба да го негуваме и развиваме.

Бидете горди на вашето потекло, Македонија е земја која има многу да понуди. Заедно со САД каде што вие работите и живеете и ЕУ, кои се наши стратешки партнери, стоиме обединети на вистинската страна, рече Ковачевски.

Овој настан беше организиран во рамките на посетата на премиерот Ковачевски на САД и неговото учество на 77-то Генерално Собрание на ООН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…