Ковачевски и официјално го предложи пред народните избраници Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

t

Ковачевски и официјално го предложи пред народните избраници Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа.

Во експозето пред пратениците денеска ги наведе аргументите зошто поранешниот двократен скопски градоначалник е изборот за прв човек во локална самоуправа откако оставка од оваа функцијата даде неговиот претходник и сопартиец Горан Милевски.

Расправата во собранието продолжи со аргументи за и против Пенов отако најголемата опозициска партија обвини дека Ковачевски се обидува да ја држи во живот оваа влада со како што велат инакции со истечен рок на што пак власта возврати дека пратениците од ВМРО- ДПМНЕ користат недоличен вокабулар.

Расправата ќе продолжи и во текот на наредните денови додека не биде исцрпена со оглед на тоа дека голем е бројот на пријавени за збор, а на истата собраниска седница чека и гласањето за избор на уставните судии Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева откако претходната недела заврши расправата и за двајцата кандидати.

Не се исклучува можноста гласањето за овие точки да биде и до крајот на неделата, а потоа следува и пакетот на економски закони на владата за кои опозицијата бараше да бидат стабени и поместени погоре на дневен ред на оваа собраниска седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…