Ковачевски: Кога ќе биде отварањето на клубот во Благоевград ќе одам и јас
Јас во Бугарија сум одел на многу средби, и кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград и тогаш ќе одам и јас, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање во однос на недостигот на наши државни претставници во врска со посетите на Македонците во Бугарија во споредба со бугарските државни претставници кои присуствуваат на отворање на бугарските клубови во земјава.
– Вие кажавте дека бил поранешниот бугарски премиер во Битола на отворањето, и не можам да кажам дека беше многу позитивно тоа доаѓање.Сметам дека кога се оди од страна на државни претставници таа средба треба да биде официјална, истакна премиерот на гостувањето во вестите на Сител телевизија.
Додаде дека треба да се испрати порака на пријателство, порака во којашто ќе се зближат граѓаните на двете држави и јасна порака за заедничка иднина на овој регион во Европската Унија.
– Секогаш ќе постојат провокатори, меѓутоа сметам дека официјалната политика и дека доминантниот број на граѓаните се заинтересирани за добри односи на Балканот, и добри односи може да се градат единствено доколку промовираме работи и клубови и култура коишто не зближуваат и коишто имаат позитивен одек и во минатото, нагласи Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
И клубот на Даку разочаран од неговото…
Главна тема во регионот од вчера е…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…