Ковачевски: Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија

t

Денеска одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир, и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди.

Република Македонија денес е членка на НАТО, со цврсто втемелен и меѓународно признат македонски јазик и култура, која цврсто чекори со визијата што поскоро да стане дел од европското семејство на народи, каде и припаѓа. – напиша Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…