Ковачевски: Македонија е меѓу приоритетните земји за идни инвестиции на Обединетите Арапски Емирати
Македонија е меѓу приоритетните земји за идни инвестиции на ОАЕ, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со владина делегација е во посета на Абу Даби.
– Македонија е меѓу приоритетните земји за идни инвестиции на Обединетите Арапски Емирати. Со Џамал Саиф Ал Џарван, генерален секретар на „Меѓународниот совет на инвеститори на ОАЕ“ денес во Абу Даби, дискутиравме за светските превирања и енергетската криза која ги наруши глобалните економски текови. Во вакви кризни времиња, она што е многу битно е да не запира инвестициската активност. Интересот за инвестиции во нашата земја е фокусиран на развој и вложувања во инфраструктура, одновливи извори на енергија, како и туризам, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…