Ковачевски: Мерките на Владата даваат резултати – Зголемено домашното производство на храна

t

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието, соопшти дека даваат резултати мерките на Владата со цел зголемување на производството на основните земјоделски производи.

„Со цел да го зголемиме производството на храна во државата, веќе донесовме одлука за доделување државно земјиште заради зголемено производство на пченка, пченица, јачмен, значи стратешки култури. Над 15 илјади хектари се доделени, имаше голем интерес на аукцијата за доделување земјоделско земјиште. Инвестиравме во зголемени субвенции преку интервентниот фонд, којшто прво беше 400 милиони денари, го зголемивме за уште пет милиони и сега е 900 милиони денари, во однос на производството стратешки земјоделски производи. Веќе производството на сончоглед е дуплирано и така ќе продолжиме“, порача премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е во тек и промена во делот на субвенционирањето, со цел заштита на вистинските земјоделци и зголемување на производството на храна во државата.

„Започната е јавна расправа за менување на системот на субвенции, бидејки актуелниот систем, низ годините се покажува дека не резултира со зголемено производство. Сега со експерти и од искуствата на ЕУ, со академската заедница и Агро Советот се отпочнати консултациите за т.н. де каплинг на субвенциите. Субвенција не може да биде само по површина, туку мора да постои и контрола со авионски снимања, дали таму се одвива земјоделско производство. Акцент ќе биде ставен на испорачување на земјоделски производи во домашни преработувачки капацитети. Нивото на принос, кога ќе се инвестираат субвенции, коишто ги плаќаат сите граѓани преку даноците e да има на крајот зголемено производство на земјоделски производи и зголемено производство на финална храна во државата. Тоа е процес којшто ќе се води во наредниот период и којшто ќе финишира со нов систем на субвенции од коишто најзадоволни ќе бидат вистинските земјоделци“, оцени премиерот Ковачевски.

Тој додаде и дека ние имаме земјоделски култури коишто се извозно ориентирани и во таа насока се посветува внимание на лозарите и винопроизводителите. Договорена е просечна цена на откуп на смедеревката и на вранецот како најдоминантни сорти во државата, да биде на повисоко ново од минатата година и дополнително два денари за откуп на сите килограми грозје откупено од винариите. Исто така премиерот Ковачевски посочи дека во 2017 година е наследен огромен износ на неисплатени субвенции.

„Оваа година, во најкризната 2022 година сите заостанати субвенции ќе бидат исплатени“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека Владата е во контакт и со млекопроизводителите и со оризопроизводителите, за надминување на предизвиците во овие области, дека се исплаќаат штети кон граѓаните од поплавите, а за дел од производството за јаболка, што не може да бидат извезени кон Украина и Русија, е договорено да оди како ужина на децата во училиштата. Тој ја објасни актуелната ситуација во светот, којшто поради војната во Украина се соочува со недостиг на храна и енергенси и рече дека зголемените цени на производите се резултат на недостатокот на енергенси на светско ниво, како и поради отежнатиот извоз, како на пример потешкотиите да се изнесе житото од Украина. Исто така предочи дека недостатокот на гас се одразува на производството на вештачко ѓубриво, а со тоа и на неговата цена. Поради сето ова, огромен е предизвикот кај сите држави во светот, како околу покачувањата на цените на храната, така и во делот на обезбедувањето храна.

„Секој мора да учествува во справувањето со оваа криза. Нема овде херои, во една војна којашто се води на европскиот континент. Никој не може да каже дека следната година цената на храната ќе биде помала. Тој кој ќе го каже тоа го кажува од незнаење или да манипулира со јавноста. Основно е ние да произведеме она што е најнеопходно во државата и што можеме да го направиме“, порача премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…

Владата вели дека не го именувале Ибрахим…

„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…