Ковачевски му нуди на Мицкоски да биде премиер за да го смени Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада.
Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, која потоа би го спровела процесот докрај, велат владини извори.
Нова лидерска средба нема да има истакна на денешниот брифинг со новинарите премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите.
Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни промени ќе дојде во Владата и реално е да се очекува дека до крајот на овој месец ќе стигне во Собранието, но најави дека му се остава простор на ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира околу позициите – бидејќи прес конференцијата на Мицкоски минатата средба била шок за нив. Тоа што се случува во моментов тој го нарече дијалог за обединување, а на скептицизмот на новинарите кои не гледаа промена на ставот кај ВМРО-ДПМНЕ тој посочи на две постигнува.
„Не постои веќе разговор за содржината на уставните измени, и тоа е огромна придобивка. Не се спори исто така усвојувањето на уставните измени. Во моментов сме на позиција дека тие две прашања не се спорни и останува како клучно прашањето како да се направат тие уставни измени“, рече Ковачевски, иако напомна дека тоа не значи дека немаат разлики со ВМРО-ДПМНЕ, Разногласието во однос на тоа што го зборува тој и тоа што го зборуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ го објасни со фактот дека два саати пред лидерската средба имаа прес конференција со друга порака, а Мицкоски дошол со заверени нотарски изјави дека нема да има гласање, па сега се дообјаснуваат, пренесува Независен.мк.
Тој јасно отфрли две од барањата на Мицкоски на средбата – да се прави влада без ДУИ и да стапат во сила уставните измени откако Македонија ќе стане членка на ЕУ.
Тој потсети дека ДУИ најавиле подготвеност да се откажат и од „Албанец прв премиер“ нудејќи му на Мицкоски тој да биде тоа, а лично не се повлекува од премиерската функција до техничката влада бидејќи стои како иницијатор за уставните измени, но ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде иницијатор – со задоволство ќе му ја отстапи и таа позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…