Ковачевски на прием кај градоначалникот на Виена: Евроинтегративниот процес ќе има придобивки за државата

t

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека му претставува особена чест што присуствувал на прием од градоначалникот на Виена.

– Ми беше чест да присуствувам на срдечниот прием организиран од страна на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг. Пријателски продискутиравме за важноста од функционални урбани средини, развиена градска патна инфраструктура и транспортни системи, нешто што беспрекорно функционира во австриската престолнина.

Евроинтегративниот процес на Македонија ќе има придобивки како за државата, така и за севкупниот локален и регионален развој на земјата. Затоа треба да ги искористиме достапните фондови за модернизирање на градовите и на сите општини во интерес на граѓаните. Сето тоа значи развој и на севкупната економија. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Македонец и Србин уапсени во Виена со…

Истрагите на виенската работна група за борба…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…